Иако на прв поглед логото на „Кока-Кола“ изгледа едноставно, експертот Лау посочува дека втората буква „К“ има скриено значење.
Продолжената форма на буквата „К“ се толкува како симболична насмевка, која „потсвесно“ ја пренесува пораката на компанијата за среќа и радост.
- Оваа суптилна порака можеби останува незабележана, но таа потсвесно создава позитивна асоцијација со брендот кај потрошувачите - објаснува експертот.
Историја на логото
Логото што денес е едно од најпрепознатливите во светот првпат било претставено во 1969 година, по предлог на Френк Мејсон Робинсон, тогашен соработник на компанијата, кој исто така го предложи и името на брендот.
Логото било претставено во црвена кутија, со препознатливиот натпис „Кока-Кола“ подвлечен со бела линија во форма на бран.
Истовремено, компанијата неодамна објави дека ќе воведе нова верзија на пијалакот.
- Како дел од нашата агенда за иновации, оваа есен во САД ќе лансираме производ направен со американски шеќер од трска, со што ќе го прошириме асортиманот на „Кока-Кола“ - соопшти компанијата.
„Кока-Кола“ во САД најчесто се засладува со пченкарен сируп, додека шеќерот од трска се користи во Мексико и голем дел од европските земји.
Иако новината беше поздравена од дел од потрошувачите, индустриски експерти предупредуваат дека ваквата промена во САД би барала сериозни приспособувања во синџирите на снабдување.
- Прехранбената индустрија во САД почна да користи пченкарен сируп поради економски причини. Едноставно е поевтин од шеќерот - изјави Рон Стерк, уредник во „Сосланд паблишинг“.
И покрај промените во рецептите, едно е сигурно - култното лого на „Кока-Кол“ нема да се менува.
Извор:
Unilad.com
Фото:
Instagram