X
 25.10.2018 Живот

Компанија во која вработените одат на одмор кога сакаат и колку сакаат, а бизнисот расте

Во многу компании голем дел од вработените се плашат да го искористат годишниот одмор бидејќи сметаат дека тоа не е карактеристика на добриот работник, но тоа не е случајот во најголемата стриминг-компанија во светот.

Бројот на компании што на своите вработени им овозможуваат неограничен број на денови за годишен одмор во САД постојано расте. Мајк Џонс, кој работи во кадровската служба на „Нетфликс“, смета дека токму тоа е причината поради која толку сака да работи за оваа компанија, иако не го користи годишниот одмор колку што би требало.

denovi

Веб-страницата за кариерни совети „Гласдор“ спровела истражување и открила дека просечниот американски работник од платениот годишен одмор користи 54 отсто од деновите, а како главна причина се наведува дека вработените се плашат да не заостанат на работа ако долго време не се на работното место.

- Сите ги познаваме луѓето на кои одморот наводно никогаш не им е потребен. Најголем проблем е ако тоа го прават шефовите бидејќи тогаш сите под нив сметаат дека ниту тие не смеат да користат годишен одмор - вели специјалистот за вработување во „Нетфликс“, Криси Ранинг.

„Нетфликс“ имал политика за неограничен годишен одмор уште од 2004 година и никој не следи ни кога доаѓаат ни кога си одат вработените од работа. Но, тоа не значи дека не работат - тие постојано мора да ги известуваат своите надредени за резултатите од работната позиција на која работат.

На веб-страницата на компанијата стои дека компанијата не го создава распоредот за работа на своите вработени, ниту годишниот одмор, за тие сами да можат да одлучат што е важно за нив и да препознаат кога им е потребен одмор.

- Веруваме во паметна работа, а не во долга - велат од „Нетфликс“.

А дека овој пристап навистина функционира, покажуваат најновите резултати, според кои приходите на „Нетфликс“ пораснале за 34 отсто, а бројот на претплатници за 7 милиони.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот