Научниците пронашле детални скриени знаци кои покажуваат колку долго ќе живеете и дали имате сериозни проблеми.
Освен ако нема кристална топка, никој не знае колку долго ќе живее, иако постојат студии кои ќе дадат некаква индикација. Во основа, научниците заклучиле дека оние со вишок телесни масти околу половината имаат поголема веројатност да имаат проблеми со движењето како што стареат, а исто така имаат и зголемен ризик од предвремена смрт.
Тоа не е нужно засновано на тоа колку тежите, предупредуваат истражувачите, туку повеќе во однос на тоа каде се пренесуваат телесните масти.
Студијата открила дека луѓето чиј струк е поширок во споредба со нивните колкови имаат 28 проценти поголема веројатност да имаат тешкотии со движењето во иднина. Научниците, со седиште во Италија, дошле до заклучокот откако вклучиле над 10.000 возрасни лица во студијата, период од шест години.

- Ова може да помогне во идентификувањето на луѓето што имаат ризик пред да се појават посериозни проблеми - истакна д-р Елена Левати, водечки истражувач на студијата.
Откако биле собрани мерења на обемот на струкот и колковите од сите вклучени во студијата, повеќе од 10.000 испитаници пополниле прашалник, а нивото на холестерол и гликоза им било следено преку примероци од крв.
Резултатите биле навистина шокантни: за 71 процент од вклучените мажи било објавено дека имале ризичен сооднос помеѓу обемот на струкот и висината, а кај жените процентот изнесувал 53.
Што се однесува до соодносот помеѓу обемот на струкот и колковите, ова било помалку загрижувачки резултат - според истражувачите, 39 проценти од жените и 61 процент од мажите имале загрижувачки резултати.
Сепак, важно е да се запомни дека се потребни повеќе студии за да се потврдат наодите, како што објасниле експертите.
- Наодите во овој извештај се предмет на неколку ограничувања. Прво, дизајнот на студијата на пресек обезбедува само еднократна процена на обемот на струкот, па затоа, во строга смисла, не може да се утврди каузалност на моментално забележаната поврзаност помеѓу хипертензијата и обемот. Второ, анализата користеше гранични точки на мерење кои не го земаат предвид ефектот на возраста и расата/етничката припадност - истакнале експертите.
Веројатно ќе има повеќе студии за ова прашање во иднина,
Извор: unilad.com
Фото: Freepik