X
 26.02.2021 Здравје

Една година по првиот случај на Ковид-19 во Македонија: Имаме 101.214 регистрирани позитивни

Tочно една година по пријавувањето на првиот случај на Ковид-19 во Македонија, според последната статистика, во земјава се регистрирани 101.214 дијагностицирани лица, 90.685 оздравени, 3.111 починати и 7.418 активни случаи.

Првиот потврден случај беше жена од Скопје која престојувала во Италија и во земјава допатувала преку граничниот премин Табановце, на 26 февруари 2020 година, со комбе во кое имало уште неколку лица. Веднаш беше сместена на интензивна нега, во одделот за изолација на Инфективната клиника во Скопје.

Инаку, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 15 до 21 февруари 2021 г. тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 града во државата со зголемување од 3,9% во однос на минатата недела, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (43,4%).

Процентот на позитивност се движи од 11,8 до 16,3%, просечно 14,7%, на исто ниво како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Голем број заболени е регистриран и кај лицата во возрасните групи 30-39 години..

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 1.760 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 30,1% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 70 смртни случаи од 13 града, со зголемување од 62,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 65 лицa биле над 60 години, и 5 лица на возраст од 50 до 59 години.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје