X
 26.02.2021 Живот

Спектакуларна глетка: Замрзнаа Нијагарските Водопади

Делови од Нијагарските Водопади што се наоѓаат на границата меѓу САД и Канада замрзнаа откако температурите паднаа на -18 степени на реката Нијагара, а студениот бран и понатаму е присутен во американската држава Њујорк и во другите делови на Северна Америка.

Туристите што се наоѓаа на водопадите можеа да видат и да фотографираат големи парчиња мраз како пловат во водата, додека облаци од пареа и виножито беа присутни во текот на целиот ден.

Иако на некои фотографии се чини дека водопадите се целосно замрзнати, водата не престанува да тече и покрај таквите услови, а присуство на големи парчиња мраз на водопадот беше забележано и во 2014 и 2015 година кога поларни циклони ја погодиле областа.

Во последните две недели Њујорк и неколку други сојузни држави низ САД беа погодени од екстремно студен бран.

Извор: Independent.co.uk
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот