X
 26.03.2021 Живот

Четири талентирани музичари користат само едно виолончело за да отсвират тешка класична композиција

Во денешно време многумина сметаат дека класичната музика е старомодна и здодевна. Но, воопшто не е така; овој жанр постојано се развива благодарение на современите музичари и композитори кои ја спојуваат класичната музика со современи елементи.

Ансамблот „Вајнер чело 5+1“ е нетрадиционален ансамбл на виолончело основан од Герхард Кауфман и токму тој ја покажува оваа идеја. Нивните инвентивни изведби настојуваат да им дадат нов изглед на класичните композиции. Во театарската изведба на „Болеро“ на Морис Равел, четворицата талентирани музичари од ансамблот користат само едно виолончело.

Композицијата првично била составена за цел симфониски оркестар, но била радикално трансформирана бидејќи комплексните музички компоненти се ограничени на жиците на едно виолончело. Музичарите си ги менуваат местата со низа кореографски чекори додека маестрално ја свират композицијата.


Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот