Околу 1.850 музичари на дувачки состави го завршија непрекинатиот 72-часовен настап во црквата Свети Јаков во Нирнберг, во германската сојузна покраина Баварија, кој би можел да биде запишан како нов национален рекорд.
Во настанот учествуваа повеќе од 140 оркестри од цела Баварија, кои се менуваа приближно на секои 90 минути за настапот да се одвива без паузи подолги од 10 секунди.
Покровител на манифестацијата беше премиерот на Баварија, Маркус Зедер, кој ги пофали „ентузијазмот и страста“ на музичарите.
- Музиката создава силно чувство на заедништво, не само меѓу музичарите, туку и меѓу нив и нивната публика - изјави Зедер.
Времетраењето на настапот дополнително ќе се проверува, а дали навистина станува збор за нов официјален национален рекорд ќе потврди „Германскиот институт за рекорди“.
Фото: Screenshot/YouTube