X
 26.03.2026 Технологија

Совети од ФБИ за тоа како да препознаете дали некој ви хакирал уред во вашиот дом

Освен нашите телефони, лаптопи и таблети, постојат и други вообичаени апарати во домаќинството кои би можеле да претставуваат цел на хакери.

Станува збор за паметни уреди како паметни телевизори, фрижидери, детски играчки или што било што се поврзува на вашата безжична мрежа.

- Сајбер-хакерите активно бараат и компромитираат ранливи уреди од таканаречената мрежа на поврзани уреди, со цел да ги користат како посредници за интернет-барања и да насочуваат злонамерен сообраќај за сајбер-напади и злоупотреба на компјутерски мрежи - предупредуваат од ФБИ.

Хакерите потоа можат да ги користат овие уреди како посредници за да изгледа како нелегалната активност да доаѓа од вашиот дом. Но, како можете да препознаете дали некој од вашите домашни уреди бил цел на напад?

Нагло зголемување на користењето интернет


Ако некој ја користи вашата мрежа без ваше знаење, може да забележите дека интернет-сообраќајот што сте го потрошиле е многу поголем.

Злонамерен софтвер на паметен уред може нагло да го зголеми сообраќајот што поминува низ него, на пример, преку испраќање несакани пораки или напаѓање интернет-страници.

Со користење на вашата интернет-адреса, хакерите можат да ги сокријат својот идентитет и локација.

Ако забележите дека одреден уред одеднаш го зголемил користењето на интернетот, можеби ќе треба да преземете нешто.

Но како да го забележите тоа?

Сметката за интернет се зголемува


Можеби нема да сфатите дека користењето интернет се зголемило бидејќи ако го користите како и обично, зошто би го забележале тоа, но вашиот давател на интернет-услуги веројатно ќе го забележи.

Ова може да резултира со дополнителни трошоци.

Ако ве контактираат за да ви кажат дека интернет сообраќајот се зголемил, а вие не правите ништо ново или невообичаено, тоа може да биде знак дека не сте единствените што ја користите вашата мрежа.

Но ова не е единствениот знак.

Уредите почнуваат да работат побавно

Поголема количина сообраќај значи дека може да забележите дека работата почнува да забавува.

Иако ова може да значи дека брзината на интернетот не е добра, или дека користите многу уреди или активности што трошат многу податоци, на пример, играње игри преку интернет, ако тоа се појави одеднаш, тогаш може да биде и поради нешто друго.

Со сите овие знаци, можеби сте забележале дека ненадејната промена е клучната работа без разлика дали станува збор за зголемена сметка за интернет или за тоа што работите одеднаш не функционираат како што треба без очигледна причина.

Извор: Unilad.com
Фото: Freepk
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија