X
 04.05.2015 Технологија

Кој го користи вашиот Фејсбук?

Во 2011 година, Муса Абд-Али Али ја отворил апликацијата „Facebook messenger“ на неговиот ајфон и видел нешто застрашувачко. Неговиот профил пишувал порака без тој да прави нешто, барајќи информации од негов пријател.


Моса го контактирал својот пријател, ја променил лозинката и престанал да ја користи апликацијата. Подоцна забележал дека некој во негово име бара сексуални услуги од негови пријателки на „Фејсбук“.

Тоа било почеток на осуммесечна онлајн-кампања против Моса, кој избегал од Бахреин во Лондон откако бил измачуван, силуван и затворен во родната земја за неговите активистички активности. Тој подоцна дознал дека бил еден од тројцата Бахреинци кои живеат во Лондон чии компјутери биле хакирани од бахреинската влада.


Владата користела софтвер за хакирање на компјутерите. Али побарал помош од „Privacy international“, компанија која се бори против интернет-криминалот веќе 25 години. Тие работат во повеќе од 50 земји низ светот.

Според нив, моментално, комерцијалната индустрија е толку развиена што им служи на владите. Индустријата станува сè повредна бидејќи ја засилува побарувачката преку агресивен маркетинг насекаде низ светот. 


Досега биле идентификувани 375 компании во индустријата на набљудување. Тие се сместени насекаде низ светот и нивната големина изнесува 20-10.000 луѓе. Најмногу компании за набљудување се наоѓаат во Европа и Северна Америка, иако во последните години се забележува и зголемување во Израел, Индија и Обединетите Арапски Емирати.

Повеќето од ваквите компании им продаваат информации и технологија на владите „за зголемување на безбедноста“. Организациите како „Privacy international“ се борат против таквите компании, но активистичките организации како оваа се мали риби во моќно езеро од светски лидери.

Следниот пат кога ќе танцувате како да не гледа никој, сетете се, можеби некој сепак гледа.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија