Едноставно е: мора да хакирате преносен компјутер.
Компаниите во Силициумската долина редовно им доделуваат награди на хакерите кои им ги покажуваат слабостите и грешките во програмите кои биле произведени од страна на компанијата. Сега, најпопуларната компанија во долината, „Google“, нуди голема сума пари за секој кој ќе успее да хакира преносен компјутер „Chromebook“.
На 14 март, компанијата изјави во објава на
блог дека ќе ја зголеми наградата за хакирање на „Chromebook“ од 50.000 долари на 100.000 долари.
За да ги добиете парите, мора да го хакирате компјутерот како гостински корисник. Со други зборови, мора да го хакирате системот кога е заклучен поради приватност. Хакирањето треба да биде повторливо и кога уредот ќе се ресетира. Никој досега не ја добил наградата.
Инаку, во 2015 година, компанијата додели над вкупно 2 милиони долари на хакери кои откриле грешки во нивните услуги, меѓу кои и награда од 12.000 долари за човекот кој го купил домеинот Google.com пред да успее компанијата да го купи.