X
 26.05.2021 Култура

Објавен трејлерот за последната сезона на една од најпопуларните серии на „Нетфликс“

Последната сезона на серијата „Куќа од хартија“  (La Casa De Papel)  ќе биде објавена во два дела. Првиот дел ќе започне на 3 септември, а вториот на 3 декември, најавуваат од „Нетфликс“.

- Кога почнавме да го пишуваме петтиот дел среде пандемија, почувствувавме дека мора да го смениме она што се очекуваше од 10-епизодна серија. Ја искористивме секоја алатка што можевме за да создадеме сензација за финалето. Одлучивме да работиме во екстремно агресивен жанр - вели Алекс Пина, креаторот на серијата.

- Во вториот дел повеќе се фокусираме на емотивната ситуација на ликовите. Тоа е патување преку нивната сентиментална мапа што ќе нѐ поврзе директно со нивното заминување - вели тој.

Според официјалниот трејлер на „Нетфликс“, бандата е затворена во Банката на Шпанија повеќе од 100 часа. Тие успеаја да го спасат Лисабон, иако им претстои еден од најмрачните моменти. Професорот е фатен од Сиера и првпат нема план за бегство. И баш кога се чини дека не постои нешто друго што би тргнало наопаку, на сцената излегува непријател помоќен од кој било: армијата. Се ближи крајот на најголемиот грабеж во историјата, а она што започна како грабеж, ќе се претвори во војна.



Извор: Deadline.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура