Додека многумина се жалат дека „Нетфликс“ повеќе не нуди оригинална и возбудлива содржина, мини-серијата „Ла Палма“ од 2024 година повторно стана топ-тема на социјалните мрежи.
Станува збор за норвешка серија која премиерно беше прикажана во декември 2023 година. Серијата е инспирирана од вистинска случка – ерупцијата на вулканот Кумбре Виеха на шпанскиот остров Ла Палма во 2021 година. Ерупцијата траела дури 85 дена, што ја прави најдолгата вулканска активност на островот во последните 300 години.
За разлика од реалниот настан, серијата оди чекор подалеку – измислениот колапс на вулканот предизвикува мегацунами, што претставува глобална закана. Ваквиот заплет се темели врз вистинска научна хипотеза која сугерира дека доколку дел од островот се лизне во океанот, може да предизвика огромен бран што ќе ги погоди светските крајбрежја.
Во фокусот на приказната е норвешко семејство кое за време на одмор на Ла Палма се соочува со невидена опасност. Тие се обидуваат да побегнат на блискиот остров Тенерифе, каде што се наоѓа вториот активен вулкан Теиде, кој последен пат еруптирал во 1909 година.
Секоја епизода е исполнета со напнатост, емотивни конфликти и постојана неизвесност.
Според официјалните податоци од „Нетфликс“, „Ла Палма“ за само 19 дена ја погледнале 52 милиони корисници, со што беше шеста најгледана серија во втората половина од 2024 година.
Серијата има само четири епизоди.
Извор:
b92.net
Фото: Screenshot/YouTube