X
 26.06.2019 Живот

Eден од најголемите градови во Индија се соочува со недостиг на вода

Еден од најголемите градови во Индија, дом на речиси 5 милиони луѓе, се соочува со криза - главниот извор на вода се суши.

Сателитските истражувања од јуни 2019 година покажуваат дека главниот резервоар на Ченаи, езерото Пузал, е само дел од она што било минатата година.

Сите четири основни резервоари на градот се речиси суви, што значи дека четири милиони луѓе се зависни од импровизирани бунари чија вода не е за пиење. „Ченаи метро“ ја намали водата што ја обезбедува за 40 отсто.

1
Фото: Copernicus Sentinel-2 Satellite Image/Maxar Technologies/AP

Недостатоците почнале пред неколку недели, а владата се соочила со критики затоа што многу се потпира на надоаѓањето на монсуните наместо да преземе акција.

Задоцнетите монсуни оставија милиони луѓе без вода, како што ужасните топлотни бранови се шират низ целата земја, убивајќи стотици луѓе. Сиромашниот урбанистички развој во Ченаи значи и дека водата не е рециклирана и дoждовницата не се собира.

Претходно овој месец во Чуру во Раџастан температурите достигнале 50 степени. Министерството за здравство издало совети за луѓето да останат безбедни при вакви температури, а тие вклучувале избегнување на сонцето меѓу пладне и 15 часот и воздржување од пиење алкохол, чај и кафе. Топлотните бранови се дел од трендот на зголемени температури во Индија. Минатата година беше шеста најтопла откако почнало да се води евиденција во 1901 година и 11 од 15. најтопли години што се документирани, а се случиле од 2004 година.

Се зголемува и зачестеноста на топлотните бранови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот