X
 26.06.2019 Живот

Престанете да го прашувате какви се оценките на другите деца, од каде му се новите патики на Кире и дали Ивана и оваа година ќе оди на море

Отсекогаш била, е и ќе биде жива борбата меѓу горе и долу, добро и лошо, бело и црно, големо и мало... Отсекогаш било и ќе остане прашањето: што е поважно – колку или како?! Квантитетот и квалитетот како снаа и свекрва се надитруваат над грижливата родителска глава, небаре тежат катадневно и поставуваат милион прашања: Дали сум доволно долго со моето дете?! Дали времето што го поминувам со него е квалитетно?! Дали е доволно добро тоа со што се занимава моето дете?! Каков модел сум јас за него?! Потребно ли е уште малку повеќе да додадам на веќе постојниот куфер со детски обврски.... И сè така во недоглед.
Колку и како се како формата наспроти содржината, како суштината наспроти обликот, како полното наспроти празното, а никој на светов бел и „дебел“ од возрасни претерувања не дал точен одговор за да го добие она толку посакувано детско БРАВО!

Колумната на проф. д-р Мирослав Пендароски, психолог, универзитетски професор и препораките за родителите прочитајте ги на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот