X
 26.06.2019 Живот

Сите поранешни Југославии

Многумина за Југославија тврдат дека била вештачка творба и дека била неодржлива, но таа, сепак, ако се земе предвид периодот на окупацијата во текот на Втората светска војна, во различни облици постоела повеќе од 80 години.

Иако како датум на основање на првата Југославија се зема 1 декември 1918 година, таа официјално не се викала така, туку Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Дури во 1929 година, откако кралот Александар прогласил диктатура, државата формално го променила името во Кралство Југославија и како таква опстанала сè до април 1941 година, кога силите на Оската ја окупираа.

Втората Југославија, под името Демократска Федеративна Република Југославија, на 29 ноември 1943 година во Јајце ја прогласува Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Југославија под водство на Јосип Броз Тито.

На новата држава ѝ недостигал добар дел од територијата кој бил под окупација, но и меѓународен легитимитет бидејќи поголемиот дел од големите сили до крајот на војната го признавале кралството. По договорот на Тито со кралскиот претставник Иван Шубашиќ и усвојувањето на новиот устав, во јануари 1946 година е прогласена Федеративната Народна Република Југославија, која во 1963 година е преименувана во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).

Од СФРЈ во 1991 година прво се отцепија Словенија и Хрватска, а набрзо потоа и Босна и Херцеговина и Македонија. Србите во Хрватска и во Босна како одговор со поддршка на Белград основаа сопствени мини-држави - Република Српска Краина и Република Српска, кои, сепак, никој никогаш не ги призна, па ни Србија.

Србија и Црна Гора во април 1192 година ја прогласија Сојузната Република Југославија како правна наследничка на СФРЈ, а таа под тоа име траеше до 2003 година. Тогаш името Југославија конечно се изгуби со прогласувањето на државната заедница Србија и Црна Гора. Двете станаа посебни држави во 2006 година, кога Црна Гора прогласи независност.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот