X
 26.07.2023 Живот

Пожарите на Крф и на Родос сѐ уште се надвор од контрола

Уште една ноќ пожарникарите и волонтерите на грчките острови Родос и Крф се бореа со огнената стихија, со оглед на тоа што пожарите сѐ уште се надвор од контрола, а од рано утрово повторно интервенираат и авионите за гаснење пожари, јави дописничката на МИА од Атина.

На Родос пожарот е активен веќе деветти ден, а вчера огнените јазици беа многу блиску до села во југоисточниот дел на островот.

Слична е ситуацијата и во северниот дел на островот Крф, каде што во текот на вчерашниот ден имаше неколку разгорувања на активните жаришта во близина на населени места, кои превентивно беа евакуирани.

На Евија рано утрово состојбата со пожарот е значително подобрена.

Во гаснењето на пожарот во јужниот дел на островот вчера пред 15 часот се урна грчки „канадер“, а животот го загубија двајцата пилоти на возраст од 27 и 34 години.

Поради трагичниот настан е прогласена тридневна жалост, а премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, ја одложи официјалната посета на Кипар закажана за денеска.

Извор: МИА
Насловна фотографија: Twitter

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот