X
 26.08.2019 Економија

Цената на златото на шестгодишен максимум

Падот на азиските берзи ја зголеми цената на златото на шестгодишен максимум бидејќи инвеститорите бараат сигурно засолниште за капиталот.

Цената на златото достигна 1.550 долари за унца рано утрово, највисоко ниво од април 2013 година и раст од 20 проценти само оваа година.

Таквиот пораст на цената на златото е резултат на заострувањето на трговскиот конфликт меѓу Вашингтон и Пекинг во текот на изминатиот викенд, што предизвика пад на акциите, обврзниците и цените на суровините.

- Поради сигналот за економски превирања, видовме промена на потезите на инвеститорите кон безбедни средства како златото - изјави Мадхави Мехта, аналитичар на „Кодак секјуритиз“, додавајќи дека оптимизмот во врска со златото обично расте со пораст на неизвесноста за глобалните пазари на капитал.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија