X
 26.08.2022 Наука

Ќе се гради стаклена градина во Меѓународната вселенска станица

Приватната вселенска компанија „Редвајр корпорејшн“ планира да ја изгради првата стаклена градина во вселената. Компанијата планира да ја изгради градината на Меѓународната вселенска станица оваа пролет.

Компанијата ќе ја гради градината во рамките на договор со Центарот за напредок на науката во вселената, кој е одговорен за работата на американските лаборатории на станицата.

Стаклената градина треба да служи за тестирање на производство на повеќе растенија во околина со микрогравитација, што ќе помогне во идните патувања на луѓето во далечната вселена.

Откако ќе биде изградена стаклената градина, американската компанија за канабис „Дуи сајентифик“ ќе биде една од првите што ќе ја користат. Компанијата ќе произведува индустриски коноп за потребите за истражување.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Redwire Space
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука