X
 26.10.2019 Живот

Биотероризмот е една од најголемите закани за човештвото, предвидува Бил Гејтс

Основачот на „Мајкрософт“ пред 20 години изнесе слика за светот што изгледа прилично слично на денешниот.

Се чини дека Бил Гејтс имал кристална топка или патувал низ времето бидејќи во 1999 година изнел цела низа предвидувања за иднината на развојот на технологијата, природната средина, здравството што навистина се оствариле.

Во својата книга „Работење со брзина на мислите“ тој го кажал своето мислење за светот што изгледа прилично исто како денес, иако книгата била објавена пред 20 години. Но, изминативе години Гејтс се обиде да предвиди што нè чека во иднина, а со оглед на просекот на погодувања, би можеле да го послушаме.

1
Фото: Pixsell

Луѓето ќе носат мали уреди - Во својата визија за иднината Гејтс рече дека луѓето постојано ќе користат мали уреди со кои ќе ги извршуваат сите работи што им се потребни, како читање вести или преглед на патувањата. Паметните телефони се доказ за тоа, а за многумина денес тие се единствениот уред што го користиме за комуникација и работа.

Социјалните мрежи ќе нè поврзат - Одамна пред „Фејсбук“, Гејтс зборуваше за приватни страници за семејства и пријатели на кои ќе разговараме и ќе ги планираме случувањата.

Луѓето ќе имаат онлајн-дискусии
- Гејтс тогаш зборуваше за онлајн-дискусии меѓу луѓето што се однесуваат на безбедност, локална политика, урбанизам. Но, работите отидоа подалеку од тоа. Нема подрачје околу кое  не се дискутира онлајн и секоја платформа дава можност за дискусија.

Веб-страниците ќе нудат можности за наоѓање работа - Некогаш потрагата по работа изгледала сосема поинаку, а на Гејтс не му било тешко да го замисли времето кога ќе се бара работа онлајн. Како што знаеме, денес работата се бара исклучиво онлајн или преку веб-страницата на компанијата, на „Линкдин“ и слично.

Но, Бил Гејтс гледал и понатаму во иднината, па пред две години во Германија изјави дека во наредните 15 години 33 милиони луѓе би можеле да умрат поради биотероризам. Гејтс оваа црна прогноза ја темели на тоа дека една од најголемите закани за здравјето на луѓето се патогените носени со воздухот што може да ги активираат биотерористите.

Исто така, тој смета дека повеќе нема да има сиромашни земји.

Роботите ќе преземат голем дел од професиите - во наредните 20 години автоматизацијата ќе ги замени работниците во складиштата, па милиони луѓе ќе останат без работа. Гејтс предупреди дека треба да се оданочат роботите за да се надомести губитокот на заработка од данокот на доход.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот