X
 26.10.2025 Живот

За да ја забрзате безжичната мрежа, преместете го вашиот рутер подалеку од овој уред

Ако вашата безжична мрежа во последно време е побавна од вообичаеното, причината можеби не е вашиот провајдер, туку нешто во вашиот дом. Технолошките експерти предупредуваат дека положбата на рутерот и предметите што го опкружуваат може значително да влијаат врз брзината и стабилноста на врската.

Според советите на „Аудио техника“, блутут-звучниците не треба да се поставуваат во близина на рутерот. Причината е што блутут и безжичната мрежа користат слични радиофреквенции, па кога повеќе уреди се обидуваат да го користат истиот спектар на сигнали, се јавува „застој“ што го забавува преносот на податоци.


Експертите предупредуваат: Блутут-уредите и микробрановите печки го забавуваат  сигналот

Нивната страница за поддршка објаснува дека повеќето рутери емитуваат на повеќе канали истовремено. Кога има премногу уреди во близина што користат ист фреквентен опсег, блутутот губи простор за менување канали, предизвикувајќи прекини и пречки. Едноставно решение е да се преместат блутут-уредите подалеку од рутерот за да се подобрат перформансите на двата типа безжични врски.


Проблем може да биде и микробрановата печка бидејќи користи сличен фреквентен опсег како безжичниот сигналот. Ако рутерот се наоѓа во близина на микробрановата печка, сигналот може да стане исклучително нестабилен за време на неговото работење.

Пред да го промените провајдерот или да платите за пакет за побрз интернет, пробајте едноставен трик: поставете го вашиот рутер во централна и поотворена област од вашиот дом, подалеку од кујната, бетонските ѕидови и изворите на електромагнетни пречки. Така ќе постигнете многу постабилен и побрз безжичен сигнал без дополнителни трошоци.

Извор: benchmark.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот