X
 26.11.2025 Живот

Независни за Карпош: Вонредна ситуација во ОУ „Димо Хаџи Димов“, голем број деца со нагони за повраќање

Денес во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае има вонредна ситуација затоа што околу 80 деца од пониските одделенија имаат нагони на повраќање, објавија од движењето „Независни за Карпош“.

Тие велат дека и понекое дете од повисоките одделенија, дури и наставнички ги имале истите симптоми.

- Нема информација што е причината, вирус, труење од храна или труење од вода. Во моментов таму се од Водовод и санитарно здравје и се земаат примероци... До официјален став ќе помине време. Засега се чекаат резултатите. Школото ќе ги чека официјалните насоки од ИЈЗ. Засега вработените им велат на родителите дека ќе има настава - стои во објавата.

Според родители на ученици од ова училиште, наставата е прекината и децата веќе се дома.


Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот