X
 27.03.2017 Живот

Навиките во спиењето на успешниот Илон Маск

Илон Маск, е еден од најуспешните претприемачи во светот, а судејќи по неговите успеси и појавувања во јавноста, лесно може да се каже дека овој човек не успева да има добар и квалитетен сон.

Но, директорот на „Tesla Motors“ и „Space X“ признава дека скоро секоја вечер спие шест часа, што е незначително помалку од она што го препорачува „National Sleep Foundation“.

Оваа организација за сите лица постари од 18 години препорачува помеѓу 7 и 9 часа сон. Ова е предуслов за добро здравје, ведро расположение и спортски изглед.

Овој 45 годишен бизнисмен своите денови ги поминува грижејќи се за негвиот амбициозен вселенски проект и автокомпанија. Освен тоа, Илон Маск е прилично зафатен и со водење на компанијата „Solar City“.

Во една прилика изјавил дека често спие во самата фабрика „Tesla“ каде има и вреќа за спиење затоа што не смее да се случи моделите на автомобилот да бидат готови, а тој да не биде присутен за време на инспекцијата. Признава дека вреќата за спиење ја користи релативно често.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот