Судија од Вирџинија минатата година изрече доста необична казна откако петмина тинејџери ја исцртале историската училишна зграда со свастика и зборови „бела моќ“ и „црна моќ“.
Наместо да добијат казна за служење на заедницата, судијата Авелина Џејкоб одлучила дека младите треба да прочитаат книга. Но не која било книга. Тие мораа да изберат од листата со книги што покривала најразлични трагични периоди во историјата на човештвото.
Ужасите на холокаустот ги очекувале во „Ноќ“ од Ели Визел. Расизмот на Џим Кроу Саут ги чекал во „Знам зошто птицата во кафезот пее“.
Помина една година откако младите го исцртале ѕидот со пораки во кои имало говор на омраза. Ѕидот бил користен во 19 век во училница што ја употребувале Афроамериканци за време на сегрегацијата во Северна Вирџинија. Свастиките и зборовите одамна биле покриени со боја. Тинејџерите ги прочитале книгите и ги напишале своите извештаи.
Обвиненијата, уништување приватна сопственост и незаконско влегување, биле изречени во јануари.
„Се надевам дека тие ја научија лекцијата што сакав да ја научат, а тоа беше толеранција“, изјави адвокатката Рудеа.
Но дали ја научија? Еве што вели еден од тинејџерите.
Иако нивните имиња мораа да останат анонимни, се знае дека биле на возраст од 16 и 17 години.
Еден од тинејџерите вели дека две од книгите што ги прочитал го погодиле длабоко: „12 години ропство“, мемоарите на Соломон Нортуп, слободен црн човек кој бил киднапиран во 1841 година, и „Ноќ“. Тој опишува дека не знаел целосно што значи свастиката - сметал дека нема некое големо значење.
„Повеќе не. Погрешив, многу луѓе биле погодени од нив. Ги потсетува на најлошите работи, губејќи ги членовите на семејството и пријателите. Ги потсетува на болката од тортурата, психолошката и физичката“, вели тој.
Сега, тој пишува дека ја гледа свастиката како симбол на „угнетување“ и „бела моќ“, дека нивната раса е над сè, што не е така.
„Немав поим за тоа колку се темни деловите на човечката историја“, напишал тој, додавајќи дека се чувствува особено ужасно затоа што направил некој да се чувствува лошо.
„Сите треба да бидат третирани еднакво, без разлика на расата, религијата, полот или ориентацијата. Ќе дадам сè од себе за во иднина да не бидам толку необразован“, вели тој.
Како реагирала заедницата?
По случката, во септември 2016 година, голем дел од луѓето ја критикувале казната. Еден професор по англиски јазик вели дека идејата да се поврзе читањето со казната е прилично лоша.
И дел од учениците се разочарани од казната.
„Кога слушнав дека казната е домашна задача, бев многу
разочаран“, вели 17-годишниот Камран Фареди од училиштето ’Лоудоун‘“.