X
 27.05.2019 Живот

Кина го создава најголемиот град во светот

Дали знаевте дека Кина го гради најголемиот град во светот? Во текот на изминатата деценија Кина имаше мисија за создавање на најголемиот град во светот преку комбинирање на некои од најнаселените градови во земјата.

Сместен во периметар од 15.000 квадратни милји наречен Делта на Бисерната река, регионот е дом на 57 милиони луѓе.

Овој регион не само што игра важна улога во Кина, туку е и клучна компонента во глобалната економија бидејќи оттаму се испорачуваат некои од нашите најсакани технолошки производи. Регионот е составен од градовите Шенџен, Дунгуан, Хуејџоу, Џухај, Џунгшан, Ѓангмен, Гуангџоу, Фошан и Џаоѓинг.

Кој е планот на Кина? До 2030 година Кина се надева да ги обедини сите градови во можен мегаград со економски аутпут од 2 билиона долари. Како што се наведува во видеото, кинеската влада има големи планови за регионот, област која на крајот може да стане најмоќниот економски центар во светот.

Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот