X
 12.07.2024 Живот

11-километарски тунели во центарот на градот се спас од горештините во Хјустон, Тексас

Хјустон, град и пристаниште во јужниот дел на Тексас, кој се наоѓа на 80 километри од брегот на Мексиканскиот Залив, е четвртиот гради по големина во САД.

Раздвижениот центар на Хјустон има и скриена страна: мрежа од тунели долги околу 11 километри. Жителите секојдневно ги користат подземните премини за побрзо да стигнат до работа или да се движат низ градот без страв од екстремни горештини или лоши временски услови.

Мрежата од климатизирани пешачки патеки поврзува десетици деловни згради со разни други локации, како што се ресторани и продавници. Тунелите биле изградени во 30-тите и биле проширени во 50-тите и 60-тите години за да им помогнат на работниците во Хјустон побрзо да стигнат на работа на жешкото сонце.

Тунелите се користат за посета на лекар, одење во банка, пошта или продавници, како и пократко патување до ресторан за ручек. Тунелите во Хјустон се отворени за секого, особено ако сакате да го истражувате центарот на градот. Можете лесно да стигнете до многу ресторани, специјализирани продавници, продавници за сувенири или да одите на турнеја со водич.

До тунелот може да се пристапи од повеќе згради кои имаат лифтови и се отворени за јавноста во вообичаеното работно време, или можете да влезете од улица на неколку локации.

 

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот