X
 27.05.2021 Живот

Вакцинираните патници може да освојат бесплатни летови од „Јунајтед ерлајнс“

Како дополнителна стимулација за вакцинирање, авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“ лансира кампања наречена „Вакцинирај се за да леташ“.

Кампањата организира натпревар во кој пет среќни добитници ќе добијат бесплатни летови во период од една година.

Аплицирањето за наградната игра е едноставно. Сите заинтересирани треба да го прикачат документот што покажува дека се вакцинирани на веб-страницата на компанијата најдоцна до 22 јуни 2021 година.

Исто така, авиокомпанијата им нуди на второпласираните бесплатен повратен билет за двајца во која било  кабина. Билетите ќе важат само за летовите на „Јунајтед ерлајнс“ и „Јунајтед експрес“, но не и нивните партнерски авиокомпании.

- Горди сме што со нашата кампања ќе ги поттикнеме луѓето на помасовно вакцинирање. Благодарение на вакцината, се отвораат сè повеќе дестинации за патување и знаеме дека нашите клиенти сакаат да патуваат. Возбудени сме што на луѓето ќе им дадеме уште една причина плус за да се вакцинираат, за да можат повторно да се обединат со пријателите и семејството и да одат на долгоочекуваниот одмор - вели извршниот директор на „Јунајтед ерлајнс“; Скот Кирби.

Петте добитници на главната награда ќе бидат избрани на 1 јули, додека 30. второпласирани ќе бидат избрани по случаен избор во јуни.

Извор: Matadornetwork.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот