X
 12.10.2017 Живот

Што гледаат пилотите во текот на слетувањето, а патниците не гледаат?

глетка
Фото: Printscreen/YouTube

Ако се плашите од летање, тогаш видеото во продолжение не би требало да го гледате. Имено, еден пилот објавил што постојано го гледа во текот на летот, а патниците не го гледаат.

Пилотот на „Катар ервејс“, Сандеп Варма, на својот профил на „Твитер“ го објавил слетувањето на авионот на аеродромот „Квинстаун“ во Нов Зеланд.

На снимката се гледа како авионот лета над облаците опкружен со врвови на планината. Во еден момент авионот почнува да се спушта, а врвот на една планина се наоѓа веднаш пред него. Неколку секунди лета низ маглата за наредниот момент да помине низ облаците и да летне кон пистата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот