X
 27.05.2022 Живот

Предизвик за сите гејмери: „Нептун“ организира голем GAMING настан

На 4 и 5 јуни во „Нептун“ - „Ист гејт мол“ ќе се одржи голем GAMING настан. Сите гејмери, сите „зависници“ од адреналин, а особено фановите на фудбал се повикани на предизвикот од Нептун. Во пресрет на светскиот ФИФА-куп 2022, дводневниот настан организиран од Нептун ќе понуди, пред сѐ, добра забава и дружење, но и 120 вредни награди за сите натпреварувачи.

Ќе се игра ФИФА 2022 на терен пред продавницата на „Нептун“ во „Ист гејт мол“ со високо професионална техничка поддршка. Секој ден ќе донесе по еден победник, но награди за секој пријавен натпреварувач.

Пријавувањето за учество на GAMING настанот е бесплатно со пополнување апликација на линкот https://bit.ly/3wQb5Jy кој ќе биде активен до 31.5.2022 на полноќ.
Местата се ограничени, а право на учество имаат гејмери со минимум наполнети 16 години.

Натпреварот на „Нептун“ е, пред сѐ, пријателски и фер натпревар. Пријавете се на предизвикот и бидете дел од возбудата на 4 и 5 јуни во срцето на градот.

(Комерцијална објава)







Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот