X
 27.06.2019 Живот

Во продажба првата македонска фамилијарна игра

Ајде да учиме низ игра со Биби, Боби и нивните другари! Оние што знаат и имаат среќа ќе бидат победници, а преостанатите играчи ќе учат низ забава и дружба. Првата македонска фамилијарна „Игра на знаења“ од „Светот на Биби“, која е веќе во продажба, е одлична можност за оттргнување на децата од екраните, за радост на сите во семејство, меѓу другарите и пријателите.

Во „Игра на знаења“ учествуваат од 2 до 4 играчи, а се игра со коцка, карти и со фигурите Биби, Боби, Зази и самовилата Луна.
Играчите фрлаат коцка за да одредат кој ќе почне прв. Почнува оној што ќе добие најголем број.



Секој играч почнува од полето ПОЧЕТОК, каде што ја става својата фигура. Потоа ја фрла коцката и се движи онолку полиња колку што покажува бројката.
Откако ќе застане на одредено поле, играчот треба да извлече карта со соодветната боја (на пример, црвена, доколку застане на црвено поле). Секоја карта бара од играчот да изврши одредена задача: да одговори на одредено прашање или да изврши одредена активност. Доколку играчот не знае да одговори некое прашање, мора да паузира еден круг!Ако, пак, застане на поле на кое има некој лик, треба да ги следи инструкциите што ги дава ликот (на пример, доколку застане на поле каде што се наоѓа ВЕШТЕРКАТА, играчот ќе мора да се врати на почетокот на играта!)



Играта завршува откако сите ќе пристигнат до полето ЦЕЛ. Победник е играчот што прв ќе пристигне на целта. За играчот да пристигне на целта, мора да фрли точен број за да ги помине полињата до целта.
Уживајте!


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот