„Нетфликс“ неодамна воведе ново корисничко мени кое од некои корисници беше прифатено со одобрување, додека кај други предизвика големо незадоволство.
Промените моментално се достапни на паметни телевизори и стриминг-уреди. Новиот изглед вклучува значително поголеми делови за насловите што сега заземаат поголем дел од екранот, а во горниот дел се наоѓаат кратенки за побрз пристап до различни делови од апликацијата. „Нетфликс“ тврди дека со ова се олеснува изборот на содржина.
Но, еден детал дополнително ги изреволтирал корисниците. Имено, тие открија уште еден проблем - нејасното означување на содржините што наскоро ќе биде отстрането од платформата. Бидејќи „Нетфликс“ склучува временски ограничени договори со студијата што ги поседуваат правата на филмови и серии, содржините често се менуваат. Претходно вообичаено стоеше ознака „Наскоро ќе го нема“, но сега тоа, според многумина, не е лесно видливо.
- Во зависност од уредот на кој го користите „Нетфликс“, ознаката „Наскоро ќе го нема“ можеби нема да се појави. Наместо тоа, ќе добиете известување дури кога ќе ги отворите деталите за насловот - вели еден редит-корисник и додава дека ја забележал ознаката на мобилен, но кога го пребарувал истиот филм преку гејмерска конзола, известувањето веќе не било прикажано.
Сè уште не е познато дали овој проблем се појавува кај сите верзии на апликацијата или само кај новото корисничко мени.
Извор:
Index.hr
Фото: Freepik