X
 28.04.2023 Живот

Дали знаете дека крајот на култниот филм „Ко то тамо пева“ бил променет поради смртта на Тито?

Дали знаете дека крајот на култниот филм „Ко то тамо пева“ на режисерот Слободан Шијан бил променет поради смртта на Јосип Броз Тито?

Имено, сценаристот Душан Ковачевиќ се присетил на анегдоти поврзани со снимањето на легендарните југословенски филмови во една емисија, па ја спомена и онаа поврзана со „Ко то тамо пева“:

- Смртта на Тито нѐ спречи да го завршиме филмот онака како што го замислувавме. Во сценариото имаше сцена каде што две момчиња кои пеат излегуваат од автобусот. Потоа, на сцената требаше да се појават животни и сето тоа требаше да изгледа како апокалипса. Режисерот на филмот беше во договор со сопственик на циркус во Италија и тој циркус требаше да дојде во Белград со дресираните животни. Но, поради тоа што Тито умре, на странците им беше забранет влез. Ни птица не смееше да ја премине границата, а ние требаше да го завршиме филмот. Бидејќи немаше животни, филмот завршува онака како што заврши - вели тој.

Филмот има повеќеслојна приказна за трагикомичните несреќи на патниците во стар автобус кој возел кон Белград, во кој се крие алегорија за малограѓанското лицемерство и распадот на Југославија.

Извор: Klix.ba
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот