Додека некои држави делат илјадници километри долги граници, постојат и такви што се протегаат на неколку десетици метри. Една од најнеобичните и најкратки меѓународни граници во светот е долга само 85 метри и се наоѓа помеѓу Шпанија и Мароко.
Оваа мала, но значајна граница се наоѓа на територијата Пенјон де Велез де ла Гомера, утврден шпански карпест остров покрај северниот брег на Африка. Иако Шпанија и Мароко ги дели Средоземното Море и припаѓаат на два различни континента, Европа и Африка, токму ова мало парче земја создава необична гранична линија која им го привлекува вниманието на географите и истражувачите.
Историјата на оваа територија датира од почетокот на 20 век, кога Шпанија контролирала делови од Северно Мароко. Подоцна, иако се повлекла од поголемиот дел од тие територии, задржала неколку мали точки под своја контрола, меѓу кои и овој карпест остров. До 1930 година тој бил вистински остров, но голема бура насобрала песок и го поврзала со копното, создавајќи тесен природен мост.
Денес, на оваа мала територија има само неколку шпански војници кои се стационирани 24 часа. Нема патишта кои ја поврзуваат со останатиот дел од Мароко, па затоа сите потребни резерви се доставуваат исклучиво со хеликоптер.
Поради сето ова, границата помеѓу Шпанија и Мароко на овој мал простор се смета за најкратка меѓународна граница во светот, долга само 85 метри.
Извор:
Nezavisne.com
Фото:
Wikipedia