X
 27.07.2022 Живот

Очаен Британец не се откажува: Со робот сака да ископа депонија за да го најде својот хард диск со 8.000 биткоини

Пред неколку години кога започна лудоста со криптовалутите, од кои многумина се збогатија, во медиумите често се споменуваше името на Џејмс Хауелс од Њупорт, една од трагичните фигури на крипто-лудилото.

Тој во 2013 година поседувал 8.000 биткоини складирани на хард диск, но при чистење на станот случајно го фрлил.

Иако во тоа време не размислувал многу, како што цената на биткоинот се зголемувала, така тој почнал да бара начини да го најде дискот, кој се наоѓа под куп ѓубре во отпад во близина на Њупорт. Вредноста на неговите биткоини, во зависност од цената на криптовалутата, изнесувала неколку стотици милиони фунти, па не е чудно што Хауел со години го бара дискот со кој, под услов да е неоштетен, би можел да се збогати.

Неговите претходни обиди биле одбиени, а сега тој повторно бара дозвола од советот во Њупорт да го откопа отпадот, па претставил нов план кој вклучува роботски кучиња и вештачка интелигенција, а чини дури 11 милиони долари.

Според овој план, процесот би можел да трае со години, при што ќе се ископува депонијата и ќе се селектира отпадот за да се најде хард дискот. На ископувањето ќе работат луѓе и роботи (роботот Спот од „Бостон дајнемикс“) обучени да го препознаат тој диск. Дури и да го најдат дискот, што е како да барате игла во сено, прашање е дали тој ќе работи.

pari

Ако добие дозвола, што ќе биде тешко бидејќи членовите на советот предупредуваат на значителните еколошки ризици од копањето во отпадот, ќе треба да плати, за што Хауел најде двајца инвеститори кои се подготвени да вложат 11 милиони долари, а ако на крајот биткоините се спасат, ќе добие повеќе од 50 милиони долари.

Што се однесува до Хауел, доколку оваа неверојатна операција заврши успешно, тој има намера да задржи 30 отсто од биткоините, да им даде 30 отсто на работниците кои му помогнале да го најде дискот, а интересно е што има намера да му даде биткоини во вредност од 60 долари на секој жител на Њупорт.

Извор: Nypost.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот