X
 26.06.2016 Наука

Момчето со генијален план да ги исчисти океаните

Поминале четири години откако Бојан Слат првпат застанал на сцена на ТЕД-конференција и предложил изградба на машина за чистење на океанот.


Холандскиот претприемач имал само 17 години тогаш и се' уште бил во средно училиште. Оттогаш, тој собрал 10 милиони долари, изградил професионален тим од 50 луѓе и изградил прототип во водата. Прототипот треба да започне да работи оваа недела.

Тој ќе биде во Северното море во близина на холандскиот брег, а со него тимот на Слат ќе го тестира изумот за работа во тешки услови. Идејата на Слат е да создаде „вештачки брег“ во океанот каде што ќе се собира отпадот.


Се работи за пасивен уред кој ги користи струите на океанот за да собира отпад. Потоа, посебен систем го префрла отпадот во централната кула, каде што отпадот се дели во неколку видови. Отпадот потоа ќе се рециклира и продава, со што ќе се собираат пари за одржување.


Следната година, тимот ќе тестира верзија со биоразградлив материјал. Инвеститор на 1,5 милиони долари е анонимен холандски граѓанин, холандската компанија „Боскалис“ и холандската влада.

Слат планира пробна верзија во втората половина од 2017 година а целосно започнување со работа во 2020 година, иако за тоа ќе му требаат уште стотици милиони долари.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука