X
 27.07.2023 Забава

Паркирал „ролс-ројс“ на балкон на 44. кат

Кога имате доволно пари, веќе не е прашање дали нешто може да се направи, туку колку луди идеи имате. Еден богат Кинез наумил да го паркира својот автомобил „ролс-ројс гоуст“ во облакодер, на балконот од неговиот стан.

На социјалните мрежи кружи видео од необичниот потфат. По налог на сопственикот на автомобилот, со кран го кренале луксузниот автомобил и го ставиле на балконот на станот на 44. кат. Тоа се случило во кинеската провинција Фуџијан, а сето тоа било резултат на екстравагантната желба на милијардерот да има поглед и на градот и на својот луксузен автомобил.

Според неименувани извори, милијардерот ѝ платил на инженерска компанија за овој потфат и го финансирал  создавањето на специјален челичен „кафез“ за транспорт на автомобилот до оваа висина, како и изнајмувањето на голем кран способен за тоа.

На крајот, качувањето на возилото поминало без проблем. Автомобилот вреден најмалку 400.000 евра и тежок 2,5 тони бил поставен на балконот, веднаш до џакузито, на 167 метри од земјата.



Извор: Autonet
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава