X
 27.07.2025 Забава

Ова е најхумористичната земја во светот, според научниците

Во светот на хуморот, различните култури имаат свои начини на шега, но едно научно истражување се обиде да утврди која нација објективно се смета за најсмешна. Според резултатите, највисоко котира Чешка, додека во првите десет се најдоа и неочекувани земји како Португалија, Чиле и Грција.

Иако смислата за хумор е субјективна и варира од човек до човек, истражувачите од компанијата „Ремитли“ одлучија научно да му пристапат на хуморот. Тие спроведоа анкета со над 6.000 учесници од 30 различни земји користејќи го прашалникот наречен „Стилови на хумор“, кој ги мери четирите главни стилови на хумор: хумор за зближување - пријателско шегување што поврзува луѓе; хумор за поддршка на себеси - смеење низ болка или тешки моменти; агресивен хумор - потсмевање или „пецкање“ на другите и самопонижувачки хумор - правење шеги на своја сметка.

Колку повисок резултат имала една земја во сите овие категории, толку повеќе била сметана за „смешна“ во очите на светот.

На прво место се најде Чешка, која доминирала во самопонижувачкиот и агресивниот хумор. Истражувачите објаснуваат дека чешкиот хумор е легендарно смирен и остар, со сериозен тон и суптилни вербални забелешки што понекогаш ве фаќаат неподготвени, велат истражувачите.

На второ и трето место се најдоа Португалија и Ирска, познати по хуморот за зближување, односно оној што ги обединува луѓето преку заедничка смеа. Овие земји имаат култури каде што шегите се користат за поврзување, а не за раздвојување.

Во топ-10 влегоа и Белгија, Чиле и Грција, додека Австралија е на седмото место. Останатите три во првите десет се Полска, Данска и Унгарија.

Иако Австралија не е на врвот, таа има сличен хумористичен стил со Чешка. Двете земји не се плашат да се пошегуваат и на своја и на туѓа сметка.

Топ-10 најсмешни земји во светот:

1.Чешка
2. Португалија
3. Ирска
4. Белгија
5. Чиле
6. Грција
7. Австралија
8. Полска
9. Данска
10. Унгарија

Извор: Timeout.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава