X
 27.08.2025 Технологија

Бил Гејтс има свој омилен модел на телефон на кој му е верен со години

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, откри каков телефон користи во секојдневниот живот, а тоа не е „ајфон“, ниту некој уред од линијата на „Мајкрософт“.

При гостување во јужнокорејско ток-шоу, Гејтс потврдил дека долго време се потпира на преклопните телефони „самсунг галакси З“ . Иако не прецизирал дали станува збор за помалиот „галакси зет флип“ или поголемиот „галакси зет фолд“, тој открил дека уредот му е лично даден од претседателот на „Самсунг груп“, Ли Џеј Јонг.

Зошто Бил Гејтс го избра „самсунг галакси зет“ наместо „ајфон“

Гејтс уште во 2022 година призна дека го користи „галакси зет фолд 3“, а веќе следната година се префрли на „галакси зет фолд 4“. Со текот на годините тој ѝ остана верен на оваа серија, па се претпоставува дека сега го користи најновиот „галакси зет фолд 7“ или евентуално „галакси зет флип7“, иако не сакал да го открие конкретниот модел.

Причината за неговата приврзаност кон преклопните телефони „самсунг“ лежи во едноставна, но важна навика - читањето. Гејтс истакнал дека големиот екран на телефонот на преклопување е совршен за следење на вестите, списанијата и другата содржина што ја консумира секојдневно. Наместо комбинација од повеќе уреди, тој секогаш носи само еден телефон и својот компјутер, без потреба дополнително да користи таблет.

Бил Гејтс јасно става до знаење дека иако е коосновач на „Мајкрософт“, неговиот избор на паметен телефон не лежи во екосистемот на „Епл“, туку во иновацијата на „Самсунг“ за уреди на преклопување.

Извор: benchmark.rs

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија