„Вај-фај 7“ полека, но сигурно станува стандард меѓу водечките телефони, а вистинската брзина на безжичен пренос на податоци добива сè поголемо значење. Најновиот извештај од „Укла“, која ја управува платформата „Спидтест“, открива дека „пиксел 10“ е моментален светски шампион во брзини на преземање преку вај-фај.
Врз основа на глобалните податоци собрани од 19 септември до 29 октомври, „пиксел 10“ постигнува просек од 335,33 мегабити во секунда (Мбпс), победувајќи ги „ајфон 17“ со 329,56 Мбпс и „самсунг галакси С25“со 250,83 мегабити во секунда.
Како „пиксел 10“ стана најбрзиот телефон во светот
Во доменот на брзината на испраќање (прикачување) податоци, најдобар резултат постигнува „шаоми 15T про“, додека „пиксел 10“ е на четвртото место. „Ајфон 17“ го зазема второто место и во преземање и во прикачување, што ги потврдува одличните вкупни перформанси. „Самсунг С25“, од друга страна, бележи најдобри резултати во областа на стабилноста на поврзувањето и најмало доцнење на мрежата.

Посебно внимание е посветено на анализата на новата безжична чипсет-архитектура „Епл Н1“, која првпат се користи во сите модели од серијата „ајфон 17“.
Податоците покажуваат дека овој чип носи до 40 проценти подобри перформанси во споредба со претходната генерација, што потврдува дека станува збор за значително подобрување.
Извор: benchmark.rs
Фото: Freepik