X
 27.09.2018 Живот

Зошто и принцот Филип одел зад ковчегот на Дијана?

Моментот кога принцот Вилијам и принцот Хери одеа покрај ковчегот на нивната мајка, на погребот во септември 1997 година, беше навистина трогателен.

Иако момчињата се појавија со нивниот татко, принцот Чарлс, и нивниот вујко Ерл Спенсер, со нив беше и принцот Филип - а дури сега се дава одговор на прашањето зошто.

Во книгата на кралската авторка Ингрид Севард, „Мојот сопруг и јас: внатрешна приказна за кралскиот брак“, Севард пишува за тажните недели по смртта на принцезата Дијана. Таа пишува дека братот на Дијана, Ерл Спенсер, верувал дека тој треба да биде единствениот што ќе оди покрај ковчегот на неговата сестра - нешто со кое кралското семејство воопшто не се согласувало.

- Во знак на почит кон поранешната сопруга и мајка на неговите деца, принцот Чарлс сакал да оди покрај ковчегот заедно со Вилијам и Хенри. Ова била уште една од расправиите што Чарлс и Ерл Спенсер ги имале преку телефон. Разговорот завршил со тоа што Ерл му спуштил слушалка на принцот. На Ерл јасно му било ставено до знаење дека без оглед на тоа како се чувствува, принцот и неговите синови ќе бидат покрај ковчегот и ќе го носат - вели авторката.

Сепак, постоеше еден проблем - да се убеди принцот Вилијам да оди покрај ковчегот, нешто за кое Вилијам се согласил само под услов и неговиот дедо (со кој бил многу близок) да оди со него.

- Прво Вилијам одбил. Чарлс го убедувал и му рекол дека би било многу погрешно доколку не им се придружи. Во дискусијата се вклучил и принцот Филип, па така Вилијам се согласил, под услов со него да биде и дедо му - вели Севард.

-Дијана не го сакаше принцот Филип, а ни тој неа - но принцот Вилијам имаше многу близок однос со него - додава таа.

Во интервју од 2017 година Вилијам признава дека одењето зад ковчегот на неговата мајка била една од најтешките работи што морал да ги направи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот