Повеќе од еден век научниците се обидуваат да откријат повеќе за чудните микроскопски суштества кои потсетуваат на „вонземни бебиња“.
Токму сега, благодарение на ново истражување, е откриено дека овие ларви познати и како фацетотектани, во нивната возрасна доба, стануваат паразити. Нивниот начин на живот го изненади научниот свет бидејќи потсетува на сцени од научна фантастика.
Уште од 80-тите години на 19 век истражувачите знаат за фацетотектаните, микроскопски организми пронајдени на површината на океаните. Сепак, до денес не беше јасно во што се претвораат овие суштества кога ќе пораснат. Поради нивната необична структура и непознат животен циклус, многумина претпоставуваат дека станува збор за паразити, слични на нивните фиктивни двојници од филмот „Вонземјанин“.
Ново истражување носи клучни одговори
Научникот Никлас Драјер од Природонаучниот музеј на Данска и неговиот тим собрале повеќе од 3.000 ларви од површините на океанот во близина на Јапонија. Врз основа на нивните РНК протеински шаблони, тие изградиле генетско дрво и потврдиле дека фацетотектаните припаѓаат на група школки.
- Конечно можевме да потврдиме дека се поврзани со одреден вид школки, но не паразитски школки - изјави екологот Џејмс Бернот од Универзитетот во Конектикат.
Овие суштества живеат слободно додека се млади, а во текот на возрасната доба тие влегуваат во телото на сè уште непозната видови домаќини.
Претходни истражувања покажаа дека фацетотектаните, кога се изложени на процесот на менување на егзоскелетната обвивка, се ослободуваат од егзоскелетот и се претвораат во незаштитени суштества што личат на црви.
Истражувачите веруваат дека се работи за пример на конвергентна еволуција кога различни видови, под истите еволуциски притисоци, развиваат слични особини и однесувања, иако не се директно поврзани.
Повеќе од еден век по откритието, фацетотектаните повеќе не се мистерија. Идните истражувања треба да покажат кои видови служат како нивни домаќини.
Извор:
Klik.hr
Фото:
Niklas Dreyer