X
 27.11.2018 Живот

Бернардо Бертолучи: „Оставив крајот да биде двосмислен бидејќи таков е и животот“

Бертолучи е познат како режисер на филмови со светски успех. Меѓу нив се „Последниот император“, „Последно танго во Париз“ (кој има освоено 9 „Оскари“, вклучувајќи го и оној за режија), „Чај во пустината“, „Малиот Буда“ итн.

Последниот гранде маестро, како што го нарекуваат Италијанците, е роден во Парма на 16 март 1941 година. На почетокот на своето школување тој студирал на факултетот за модерна литература во Рим, а потоа ги напушта студиите за сметка на киното, станувајќи му асистент на својот близок пријател Пјер Паоло Пазолини, правејќи ги воедно и првите чекори во седмата уметност - филмот.  Ова се некои од неговите најпознати мисли.

бертолучи
Фото: Brigitte Lacombe/Verdant


- Оставив крајот да биде двосмислен бидејќи таков е и животот.

- Живееш ден за ден. Не можеш да го изградиш твојот живот.

- Понекогаш си синхронизиран со времето, понекогаш си понапред, понекогаш доцниш.

- Не ги гледам моите филмови. Мислам дека е поздраво и побезбедно да одржувам растојание. Се плашам да не бидам разочаран.

- За американските режисери, „Оскарите“ се како мистично нешто. За мене, беа огледало на моите соништа кога сонував за Холивуд додека бев адолесцент.

- Истражувањето на технологијата за мене е нешто што морам да го направам. Во спротивно, се чувствувам како да сум запоставен и напуштен.

- Не снимам пораки. Го оставам поштарот да се погрижи за нив.

- Не мислам дека на кој било начин може да се изнесе културата со пиштоли и тенкови.

- Филмските студенти треба колку што можат да бегаат подалеку од филмските училишта и филмските професори. Единственото училиште за киното е самото кино.

- Филмовите што ги сакам секогаш се филмови со кои повторно се создава киното, како да е почеток на киното.

- Секој филм што го имам направено одговара на многу посебен момент од мојот живот. Ако некој сака да ја реконструира приказната за мојот живот, може само да ги погледне моите филмови и да дознае низ што сум поминал.

- Сѐ уште сум против каков било вид цензура. Тоа е предмет во мојот живот што отсекогаш бил важен.

- Немањето деца беше еден вид избор, сѐ до моментот кога од избор се претвори во тага.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот