X
 27.12.2020 Живот

Корона-бизнис: Хотел во Тајланд има неверојатна понуда за гостите

Бидејќи пандемијата е во мал пад во некои земји, хотелите низ светот наоѓаат креативни начини да привлечат гости. Тајланд ја искористи оваа можност за некои посетители.

Станува збор за имот во Тајланд кој нуди пакет што им овозможува на гостите да останат цела година. Лансиран од Хајат Реџенси Бангкок Сукхумвит, клубот „Уан милион бахт“ вклучува одржување на домот, појадоци, грицки, коктели, плус паркинг за 25.000 фунти.

Постојат и други погодности за жителите што ќе престојуваат една година.

1

Ако некој од гостите има роденден, хотелот ќе организира забава на покривот со максимум 20 лица, со два часа бесплатни пијалаци.

Покрај тоа, гостите ќе добијат 10 бесплатни масажи во соседните бањи, 10 патувања со лимузина во Бангкок, членство во „Виз Блек кард“ што подразбира попусти и ексклузивни погодности во нивните познати центри и лекарски преглед во меѓународната болница „Бумрунград“.

zabava gosti

Над сето тоа, 20 отсто од цената на пакетот ќе им бидат вратени на гостите во форма на кредит за користење на рестораните и баровите во хотелите - околу 5.000 фунти.

Оние што се уморни од градот имаат можност да поминат 10 ноќи во Хин, Пукет и Самуи, кои исто така се вклучени во пакетот.

Извор: Independent.co.uk
Фото: Hyatt Regency Bangkok Sukhumvit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот