X
 27.12.2022 Живот

МОН: Националната комисија го прифатила учебникот со грешки по Историја и општество за 5. одделение

Авторите и рецензентите на учебникот по Историја и општество за 5. одделение вината за направените грешки во содржината, неосновано ја префрлаат ја префрлаат на МОН. Должни сме да информираме дека по направените измени во учебникот кои им се сугерирани од страна на рецензентите, авторите до Националната комисија за учебници на ЦД го имаат доставено учебникот заедно со допис во кој е наведено дека се работи за финална верзија, а рецензентите, пак, имаат потпишано изјава дека нивните забелешки се имплементирани во истата.

Сите предизвици што им настанале при изработката на учебникот, авторите и рецензентите требало да ги надминат со Националната комисија за учебници, која е надлежна за спроведување на процедурата за одобрување на учебници. Членовите на комисијата, всушност, преку гласање одлучуваат за прифаќање, односно неприфаќање на одреден учебник. Во случајов, одлучиле учебникот со грешки да биде прифатен.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот