И официјално пријавувањето за шестиот ракометен камп на капитенот е завршено. Како што беше очекувано, за само 20 дена од првичната објава за пријавување на шестиот камп капацитетот од 400 кампери се исполни.
Интернационалноста оваа година ја даваат учесниците од Шведска, Данска, Холандија, Србија, Босна, Хрватска, Австрија, Романија, Германија, Словенија и Шпанија. Секако, најголем број учесници има од Македонија, што беше и првичната идеја на Лазаров од првиот камп во 2015, да учествуваат само деца од татковината.
Но неговата ракометна големина од година на година го зголемува бројот на странските деца и земјите од кои тие доаѓаат. Кампот и оваа година ќе се реализира во две смени, а на него можеа да се пријават деца и младинци на возраст од 7 до 18 години. Локацијата е иста, прекрасниот комплекс на хотел „Аквалина“, кој се наоѓа на брегот на Охридското Езеро.
Првата смена започнува на 19 јуни, а завршува на 25 јуни, додека втората смена стартува на 25 јуни, а затворањето на кампот е на 1 јули. Како и во изминативе пет години, 24-часовното присуство на Лазаров во тие 14 дена е причина плус за големиот интерес да се биде дел од кампот. Признанијата кои доаѓаат за успешната организација и реализација на богатите содржини на кампот на капитенот само го верификуваат квалитетот на двонеделното заедничко живеење на над 400 ученици во име на ракометот. Така ќе биде и ова лето.
Се гледаме во Охрид!
Спортски поздрав,
КМГ Груп Спорт
Агенција за спортски маркетинг, конслатинг и менаџмент
Организатор на Ракометен камп и школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“
(Комерцијална објава)