X
 02.01.2017 Живот

Совети на успешните: Како да успеете во животот?

За да станете успешен претприемач мора прво и да правите чести грешки и погрешни проценки, пред да ја добиете вистинската бизнис идеја. Многу претприемачи давале совети од оптимистична природа и продолжиле да се борат во најтешките моменти, токму кога успехот изгледало дека не е на повидок.

Ова се најдобрите совети на успешни претприемачи.

Ден Хоран, директор на „5 Acre Farms“ : Се' е во едноставноста!

- Едноставноста е многу важна, а за нешто да поедноставите до максимум морате до детали да знаете се' во врска со нештото. Целата работа може да биде комплексна, но вие морате да го презентирате како едноставно нешто. Тоа е особено важно при продажба. Луѓето кои се заинтересирани за купување не сакаат да слушаат цели предавања, истакнува Хоран.

Чип Вилсон, основач на „Lululemon“ : Во ред е да побарате помош!

- Ми требаше многу време да да го прифатам советот дека е во ред да се бара помош и дека никој не може да знае се. Луѓето сакаат да помагаат, истакнува Вилсон, кој тој советот го чул на викенд работилница која ја посетувал. Довербата во другите луѓе била клучна за неговиот успех, земајќи предвид дека во почетокот водел повеќе компании.

Марк Кјубан, милијардер : Нема пречки!

Инвеститорот и сопственик на „Dallas Mavericks“ вели дека најдобриот совет му го дал неговиот татко.

- Работи сериозно и темелно. Надмини ги своите очекувања и планови. Нема пречки. Кјубан тогаш бил средношколец, а татко му се бавел со тапетарски услуги.

- Секогаш ме охрабруваше, но и беше реален, рекол Кјубан.

Тим Ферис, претприемач и автор : Со кој си, таков си!

- Најдобриот совет кој сум го добил е : Ти си комбинација од пет луѓе со кои најмногу се дружиш, вели Ферис, кој советот го добил од својот средношколски тренер по борење.

- Секогаш кога бирам луѓе за инвестирање, спортски тимови или едноставно друштво за вечера, се потсетувам на тој совет, вели Ферис.

Скот Адамс, автор на стрипот „Дилберт“ : Не се откажувајте!

- Најдобриот совет на почетокот на својата кариера го добив од тогаш веќе етаблираниот цртач на стрипови Џек Касадиј, му напишав писмо со своите желби, а тој ми одговори дека цртањето стрипови е многу комплицирана област, но да не се откажувам. Не звучи како нешто длабоко или суштински важно , но веднаш потоа почнав да испраќам мои дела на „Плејбој“ и „The New Yorker“, но ги одбија. По неколку години добив друго писмо од Касадиј, ја чистел својата канцеларија, нашол неколку мои дела па ми испратил писмо, само за да провери дека не сум се откажал. А се откажав. Тоа ме натера повторно да ја земам својата опрема и да продолжам да цртам. Подоцна среќата беше на моја страна и моите стрипови ги видела жена чиј сопруг личел на мојот главен јунак Дилберт и работел исто што и тој. Но, да не го направев тој дополнителен обид, не би успеал, а го направив токму заради тој совет – не се откажувај, порачува Адамс.

Сара Ротман, експерт за огласување : Секогаш бидете на работ!

- Најдобриот совет го добив од својот книговодител кога со неа разговарав за придвижување на сопствената компанија, зборува Ротман, основач на рекламна агенција која денес соработува со многу славни клиенти.

- Разговаравме за бизнис планот и за тоа колку пари треба да позајмам. Таа мудро ме советуваше да позајмам толку колку да преживеам, не за да ми биде удобно и да се опуштам. Важно е секогаш да бидеш на работ, тоа те тера на поголемо залагање, изјавила Ротман.

Барбара Коркоран, агент за недвижности : Најдобриот совет кој го добив беше навреда!

Можеби овде се работи за обратна психологија.

- Чудна работа, најдобриот совет кој го добив всушност беше и најлош. Ми го упати мојот тогашен дечко, воедно и бизнис партнер. Ми рече дека никогаш не би успеала без него. Тоа ме повреди, но и ме мотивираше да изградам голема компанија и да се докажам. Тоа и го направив, вели Коркоран.

Џон Тафер, сопственик на ресторан : Посветете се на деталите!

- Пред многу години, потпретседателот на хотелот „Хајат“ ме погледна и ми рече – погледнуваш, ама не гледаш, се потестува Тафер, кој потоа се пронашол во улога на телевизиски водител. Вели дека таа изјава му помогнала да не ја гледа само општата слика, туку да се посвети и на деталите.

- Морате да ја видите секоја поединечност. Научив да ги гледам сите аспекти на својата работа заради тој совет, изјавил Тафер.

Дејн Еткинсон, директор на „SumAll“ : Наушете да кажете „НЕ“ и фокусирајте се на она што го правите најдобро!

 

- Морате да знаете да кажете „НЕ“ на добрите идеи за да дојдете до одличните. Секогаш морате да одите по зацртан пат, што е тешко бидејќи во почетокот се барате себеси и не знаете што сакате. Многу компании сакаат да создадат производ или услуга која е достапна за повеќе клиенти и често се губат, па потребно е да одберете една работа и до тоа цврсто да се држите. Тоа е формула која ќе ве одведе до успехот, порачува Аткинсон.

Маркус Лемонис, директор на „Camping World“: Одете на работа каде што ќе бидетеголема ѕверка!

- Најдобриот совет сум го добил од менаџерот Лиа Ијакок, а беше едноставен – ми кажа да влезам во бизнис каде што ќе бидам голема ѕверка, а не ситна риба. Навлезете во област во која можете да направите голема разлика и да останете запаметени. Тоа мене ми се исплати, вели Лемонис.

Дејвид Лаи, директор на „Hello Design“ : Вашето време е драгоцено!


- Кога пораснав татко ми секогаш ми велеше : Денот има само 24 часа, она што ќе го одбереш да го направиш за тоа време е она што те дефинира бидејќи времето не можеш да го вратиш. Тој совет и денес ми е водич во животот и работата, рекол Лаи.

Шафкат Ислам, директор на „NewsCred“ : Ако постојано ви велат „НЕ“, не се трудите доволно!

- Повеќе луѓе ми рекле дека веројатно не правам нешто како што треба ако луѓето постојано ми велат „НЕ“, така што не можам да истакнам една личност на која би и го припишал тој совет. Се држам до тој совет, бидејќи личноста која започнува нова работа, често добива одбивања. Добро е да се работи нешто ново, што ја менува рутината и монотонијата, а таквите потфати ќе предизвикаат негодување кај другите кои навикнале на сигурен тек и позиција на пазарот, изјавил Ислам.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот