X
 28.05.2017 Економија

Колку всушност заработуваат Германците?

Оние кои најмногу заработуваат во Германија најмногу и работат, е заклучокот на истражувањето спроведено од германскиот завод за вработување.

Повеќе од 40% од сите вработени во Германија неделно работат најмалку пет прекувремени часа, додека 5% работат десет прекувремени часа неделно.

Оние кои заработуваат помалку од 30.000 евра годишно работат во просек два часа прекувремено. Оние кои заработуваат до 60.000 евра во просек работат четири часа прекувремени, а оние со годишен приход од 120.000 евра, неделно работат 10 час прекувремени.

Со бројот на прекувремени часови се поврзани и годините - младите под 20 години работат во просек два часа прекувремени, а постарите од 60 години работат 3.6 часа.

Најмногу прекувремени работат советниците во компаниите, а потоа следуваат работниците во трговскиот сектор. Голем дел од нив не добиваат никаква компензација за прекувремените саати.

Најмалку прекувремени саати се во машинскиот сектор.

Истражувањето било спроведено на примерок од 220.544 невработени во 2017.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија