X
 28.05.2023 Живот

Најопасната планинарска патека во светот

Каминито дел Реј (Caminito del Ray), чиј превод е Кралски пат, се наоѓа во клисурата Дсефиладеро де лос Гаитанес. И покрај тоа што не е за оние што се плашат од височина, поради прекрасната природа што го опкружува стана речиси задолжителна атракција која ја посетуваат авантуристи и туристи што сакаат возбуда.

Патеката поврзувала две брани

Патеката била отворена во 1921 година од кралот Алфонсо, по изградбата на браната Ел Чоро. Според овој крал се нарекува „кралско патче“, затоа што каминито на шпански е деминутив на зборот камино, што значи пат.


Патеката е речиси 100 метри над земјата и е широка само 1 метар. Опкружена е со импресивни карпи и нуди прекрасен поглед на околината. Првично, патеката била мал сервисен пат кој ја поврзувал малата брана ЕЛ Гаитанехо со хидроелектраната Ел Чоро, па набрзо станала дел од секојдневниот живот на локалното население.

Но, патот не е ниту мал ниту безопасен. Вкупната должина на патеката е 7,7 километри, од кои 4,8 километри се пристапни патеки, а 2,9 километри се пешачки мостови. Најпознат дел се пешачките мостови, а турата вклучува шумски и уредени патеки.


Многумина го изгубиле животот

Неколку луѓе загинале при изградбата на оваа тесна и кривулеста патека опкружена со стрмни и нерамни карпи. Но, Каминито се здоби со репутација на најопасна планинарска патека години подоцна.

Познато е дека во 1999 и 2000 година на оваа патека животот го загубиле пет лица. За среќа, во 2015 година Каминито повторно беше отворен по обемни поправки и реновирање. Сега секој може безбедно да ужива во ова спектакуларно и историско шеталиште, доколку не се плаши од височини. Сите посетители мора да носат заштитни кациги и затворени чевли, а не е дозволен влез за деца помали од осум години. Билетот чини 10 евра, а тура со водич-експерт чини 18 евра.



Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот