X
 02.10.2022 Живот

Голема бела ајкула создаде автопортрет на ГПС-патеката за следење

Глобалната непрофитна организација ОCEARCH спроведува истражување на најголемите жители на океанот за да им помогне на научниците да соберат податоци и на крајот да ја вратат рамнотежата во нашите океани.

За да ги соберат овие информации, тие користат безопасни методи за означување и собирање примероци. Но, се чини дека сосема случајно податоците можат да создадат извонредна уметност.

Експедицијата од 2020 на OCEARCH беше фокусирана на зголемување на бројката на означени големи бели ајкули за да се развие најнапредното сфаќање досега за биологијата, физиологијата, здравјето, однесување и многу повеќе.

Бретон, зрела машка бела ајкула, бил дел од првите ајкули означени во оваа експедиција. Бретон тежел речиси 650 килограми и бил долг 3 метри кога првпат бил забележан.

Откако бил означен, тој бил безбедно пуштен назад во океанот. До крајот на годината тој стигнал до Флорида. Истражувачите ги користеле овие географски информации за да ја продолжат својата работа, но тие не биле единствените што го следеле неговото патување.

Клои Мари, корисничка на „Твитер“, во мај 2022 година забележала дека патот на Бретон изгледа необично. Таа објавила слика од дневникот на патувања на Бретон, поставувајќи прашање до OCEARCH: - Дали може да разговараме за тоа дека Бретон црта ајкула?

Бретон набрзо го добил прекарот Шаркасо (по Пикасо), и не е чудно зошто. Патеката што тој ја направил движејќи се низ водите е неверојатно слична на ајкула.

Во септември 2022 година случајното уметничко дело привлекло внимание на „Твитер“ кога режисерот Џеф Барнаби ја споделил сликата.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Тwitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот