X
 28.06.2018 Живот

Од утре пораст на дневната температура

Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи, пообилни во јужните делови, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 17, а дневната од 12 до 22 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 4.

Во Скопје променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб, а попладне умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

В петок и в сабота времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. (MИА)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот