X
 28.06.2019 Живот

Една година јадел храна со поминат рок и дошол до необичен заклучок

Скот Неш е основач и сопственик на американските маркети „Мамс органик“ и одлучил една година да јаде „расипана“ храна за да докаже дека роковите на траење не значат ништо.

- Пиев јогурт на кој му беше истечен рокот. Изгледаше и мирисаше добро. Рокот му имаше поминато пред дури 6 месеци, па помислив дека тука нешто не е во ред. Потоа почнав да го правам тоа и со месото, јајцата, млекото - истакнува Неш.

Тој се одлучил за едногодишниот експеримент бидејќи сметал дека многу храна пропаѓа токму поради роковите на траење. Истражување од 2016 година покажало дека 84 отсто од потрошувачите фрлаат храна поради роковите.

- Ако сакате да го намалите проблемот со фрлање храна, најлесниот начин е паметно да купувате храна. Роковите на траење не гарантираат сигурност на храната и се збунувачки. Има толку многу што во најмала рака мислам дека се хаотични - вели Неш.

Тој смета дека системот на рокови на траење е застарен.

- Мислам дека производителите тукутака ги ставаат датумите, а тие обично немаат никаква врска со реалноста, квалитетот и безбедноста. Откако ќе го фрлиме производот, ќе купиме нов, што придонесува за профит на нивните корпорации. Мислам дека проблемот со фрлањето храна едноставно може да се реши со нов систем за истек на храна - заклучува Неш.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот